Rss feed

Здравје

сабота, 18 август 2012, 18:38

Полезноста од производите од житарки е обичен мит

Полезноста од производите од житарки е обичен мит
Полезноста од продуктите од житарки, кои се нудат на британскиот пазар, но и насекаде во светот како здрава храна е само обичен мит, покажува истражувањето, што го направи агенцијата „Вич“, јави дописникот на МИА од Лондон.

Оваа агенција која врши истражувања кои имаа за цел заштита на потрошувачите и ги испитува производите, кои се продаваат, во своето истражување на таблите од житарки откри дека тие имаат еднакво или некои од нив и повеќе маснотии и шеќер од една лименка од газираните освежителни прозводи, како кока-колата.

Тоа ги прави помалку здрави од „нездравите“ освежителни производи, иако им се нудат главно на жените, како начин за одржување на телесната тежина и на училишните деца, како начин за здрава исхрана.

Испитувањето открива дека само една табла цералии, без чоколадо, има 20 отсто повеќе шеќер, отколку што тоа е дозволено за дневно конзумирање, според табелите за здрава исхрана, кои ги прават нутриционистите.

Дури шест од седум од овие производи не се здрави, констатира агенцијата „Вич“, која упати критика до производителите на цералии дека им ги нудат на потрошувачите како здрав производ.

Компаниите кои нудат на пазарот во Велика Британија производи од цереалии ги отфрлија наодите од истражувањето. Претставник на компанијата „Келогс“ изјави дека нивните табли од житарки се правени според нутриционистичките рецепти.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.