Rss feed

Здравје

четврток, 09 август 2012, 16:22

Бебињата родени по природен пат се попаметни

Бебињата родени по природен пат се попаметни
Бебињата родени по природен пат, имаат повисок коефициент на интелигенција од оние родени со царски рез, покажува новото истражување.

Научниците тврдат дека со раѓањето по природен пат се зголемува нивото на посебен протеин во мозокот на бебињата, кој помага за зголемување на нивото на интелигенција додека растат. Веќе е познато дека протеинот наречен UCP2, ја зголемува веројатноста новороденчињата да бидат успешно хранети со мајчиното млеко.

Но научници од Универзитетот во Јеил, САД, тврдат дека зголемените нивоа на UCP2 во мозокот на бебињата родени по природен пат, помагаат за зголемување на тековната и долгорочна меморија додека растат. И двете се од клучно значење за коефициентот на интелигенција.

Научниците го направиле откритието додека го истражувале хипокампусот во мозокот на глувците, родени по природен пат и преку царски рез.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.