вторник, 07 август 2012, 20:58
Кофеинот им ја олеснува состојбата на болните од Паркинсонова
Кофеинот може да ја олесни состојбата на пациентите со Паркинсонова болест, открија канадските научници од Универзитетот Мекгил во Монтреал.
Во текот на шест недели тие ја прателе состојбата на 61 лице на возраст од околу 60 години кои страдаат од оваа болест. Учесниците во експериментот биле поделени во две групи. Едната од нив земале наутро и попладне таблети со кофеин, а другата - не. Во првите три недели дозата била 100 грама, што на пример е еквивалентно примен кофеин во една чашка кафе, а потоа таа е зголемена до 200 грама.
По завршувањето на истражувањето пациентите кои примаат кофеин, биле во подобра состојба, иако незначително. Разликата не е голема, но овој мал напредок "може значително да го промени животот на пациентите", изјави шефот на научниот проект Роналд Постум.
Тој додаде дека во моментов е премногу рано повторно да му ги препишуваат лековитите својства на кофеинот и кафето. Треба да се одговорат голем број прашања поврзани со индивидуалната реакција на сличен тип лекување.
"Ако кофеинот влијае на пациентите во долгорочна перспектива? Не сум сигурен дека го знаеме одговорот на ова прашање", призна научникот.