Rss feed

Здравје

четврток, 26 јули 2012, 14:15

Медитацијата е непријател на осаменоста

Медитацијата е непријател на осаменоста
Возрасните, кои се чувствуваат осамени, се изложени на поголем ризик од здравствени проблеми како срцеви заболувања, Алцхајмерова болест и предвремена смрт.

Научниците открија нов начин да им помогнат на луѓето да ја надминат осаменоста. Според нив, некои техники за време на медитација го намалуваат чувството на изолација и во исто време ја зголемуваат способноста за борба против разни болести.

"Често им препорачуваме на возрасните да ги откажат цигарите и да почнат здрав начин на живот, но забораваме дека не помалку зло е осаменоста, со која се соочуваат повеќето од нив", објаснија лекарите.

Според нив, осаменоста е главен ризик фактор за здравствените проблеми и морталитет кај возрасните. Новото истражување покажува дека медитирањето е ветувачки метод за подобрување на здравјето на постарите лица.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.