Rss feed

Здравје

понеделник, 20 февруари 2012, 16:42

За подолг живот - постeте

За подолг живот - постeте
Постењето еден-два дена неделно ве чува од Алцхајмерова болест, Паркинсонова и други невродегенеративни заболувања, утврдиле научници од Американскиот национален институт за стареење во Балтимор, Мериленд, соопшти весникот "Дејли телеграф".

Одамна е познато дека намаленото внесување на калории ја зголемува должината на животот на стаорци и глувци. Се претпоставува дека ефектот е сличен и кај луѓето, но беше тешко оваа хипотеза да биде тестирана.

"Намалениот прием на калории помага на мозокот, но постигнувањето на сличен ефект со прекин на исхраната не е најдобриот метод за стекнување на оваа заштита“, изјави проф Марк Матсон од лабораторијата за невронауки во институтот.

Најдобро е да се пристапи кон периодично постење, при што едвај јадеме нешто, а потоа се движи кон периоди во кои се јаде до наситување.

Невротрансмитерите во мозокот се активирани кога внесувањето на калории е намален. Резултатите од истражувањето беа презентирани на годишната конференција на Американската асоцијација за напредок во науката во Ванкувер, Канада.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.