Rss feed

Здравје

петок, 17 февруари 2012, 19:01

Неговото Височество ... портокалот

Неговото Височество ... портокалот
Портокалот е едно од најпопуларните овошје во светот и содржи многу корисни материи.

Портокаловиот плод е насекаде околу нас - сокот е составен дел од секојдневието, се комбинира и во чоколадото, има и рецепти за солени јадења. Кога бирате портокали - тие треба да бидат потешки во димензиите, тврди, со сјајна кора без вдлабнати делови.

Овој плод е богат извор на витамин Ц, кој го намалува ризикот од рак на дебелото црево, ушните инфекции и го чува организмот од слободните радикали, кои ја оштетуваат ДНК.

Портокалите се корисни за имунолошкиот систем - ја подобруваат неговата работа и помагаат за побрзо преминување на настинките.

Антиоксидантите ја штитат кожата од трагите кои го остава времето. Еден плод на ден ќе ви помогне да изгледате помлади.

Портокалите се богати и со витамин Б6, кој го помага производството на хемоглобинот и го држи крвниот под контрола.

Влакна во плодот го држат шеќерот во норма, што ги прави портокалите погодни за дијабетичари.

Ако сакате да добиете повеќе сок ​​- држете ги плодовите на собна температура пред да ги користите.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.