среда, 15 февруари 2012, 21:09
Водата помага во слабеењето
Решението на проблемот со вишокот килограми може да биде сосема едноставно - пиење вода, пишува весникот "Дејли експрес", повикувајќи се на резултатите од американско истражување. Луѓето кои ги заменуваат пијалоците "преполни" со шеќер со диетални или со вода, можат да изгубат пет проценти од телесната тежина за само шест месеци.
За целите на истражувањето експертите од Универзитетот во Северна Каролина ги споредиле превземените килограми од 318 доброволци со прекумерна тежина или кои страдаат од дебелина. Учесниците беа поделени во три групи. Волонтерите од првата ги замениле слатките пијалоци со диетални, овие од втората - со вода, а испитаните лица од третата група ги примале вообичаените пијалоци, но добивале совети за здраво однесување, кои ќе доведат до слабеење. Учесниците биле набљудувани во текот на шест месеци. И во трите групи било забележано намалување на тежината.
Сепак, истражувачите утврдиле дека веројатноста да ја намалат тежината со пет проценти за шест месеци била двојно поголема во групите во кои доброволците ги замениле слатките пијалоци со диетални или со вода.
"Пиењето на вода може да биде клучот за справување со епидемијата на дебелина, ако луѓето не најдат друг начин да ги вратат изгубените калории", вели раководителот на истражувањето Дебора Тејт.