вторник, 14 февруари 2012, 19:00
Со јаболка против киселини
Ако дигестивниот систем не работи правилно и имате чести епизоди на киселини, треба да преземeтe мерки за да се ослободите од ова непријатност.
Ако не сакате да пиете сода бикарбона и таблети, може сами да си направите лек во домашни услови.
Излупете и исечете неколку јаболка, ставете ги во тенџере и додадете малку вода. Оставете да крчкаат на бавен оган за неколку часа, внимавајте водата да не испари и да ги загорите јаболката.
Кога смесата ќе стане кафеникава и густа, оставете да се излади и ставете ја во фрижидер. Кога ќе почувствувате мачнина од киселина, каснете неколку лажици од јаболковата каша.
Јадете јаболка секогаш кога можете - свежи, во форма на слатки и слично. Тие се корисни за дигестивниот тракт.
Друг ефикасен лек против киселини е мешавина од мед и цимет - кога имате киселини - излижите лажица мед, измешана со цимет.