Rss feed

Здравје

сабота, 11 февруари 2012, 12:02

Одржувајте го мозокот бистар

Одржувајте го мозокот бистар
Луѓето кои сакаат загатки, да читаат, да решаваат крстозбори и воопшто да се занимаваат со ментална гимнастика, се помалку изложени на ризик од проблеми со меморијата.

Американско истражување при анализа на податоци на група возрасни на околу 76 години открило дека оние кои го одржувале умот активен, имале пониски вредности на деструктивниот протеин поврзан со Алцхајмерова болест.

Научниците сметаат дека одржувањето на когнитивна терапија пред појавата на симптомите на дегенеративно заболување може да ја намали тежината, или дури и да ја спречи.

Ако сакате мозокот да биде остар уште долго време, престанете да се потпирајте на бирото и отворете некоја книга или одлучете се за крстозбор. Може и да почнете да решавате загатки со своите деца.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.