петок, 10 февруари 2012, 15:53
31-минутниот секс делува терапевтски
По деталната анализа на биохемиските процеси во човечкото тело за време на секс, истражувачите открија дека сексот кој трае 31 минути, е терапевтски.
Според експертите, љубовните активности му помагаат на телото да се бори со слободните радикали. Сексот станува терапевтски на 31-та минута. Ако е пократок, полезниот ефект се намалува, бидејќи организмот нема доволно време да ги активира хемиските реакции, корисни за него.
Три или четири пати неделно “под прекривката“ ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат ризикот од срцеви проблеми.
Научниците исто така утврдиле дека за време на полов акт жената се претвора во извор на биолошки активни материи и електромагнетни бранови кои имаат позитивно влијание врз нејзиниот партнер.