четврток, 09 февруари 2012, 21:54
Внимавајте со бакнежите на Денот на вљубените
Додека светот се подготвува да се соочи со следниот 14-ти февруари и наоколу се појавуваат се повеќе розови и црвени срциња, мечиња и картички, тогаш научниците ги предупредуваат љубовниците да внимаваат со бакнежите.
Свети Валентин паѓа токму во екот на зимските вирусни инфекции и наместо пријатни спомени, да ве топлат до летото, може да добиете настинка или грип, што навистина ќе ве "стопли", но со високата температура.
Променливото време често е вообичаен осомничен за вирусни инфекции, но вистината е дека грипот се шири од човек на човек.
Не се потпирајте на традиционалните показатели на болеста - настинка, кашлица, треска, бидејќи луѓето се носители на вирусите неколку дена пред да развијат симптомите.
Научниците препорачуваат да се избегнува одење на јавни места со многу луѓе, како и да се делат прибори за јадење - вилушка, чаши и сл.
Може да закачите некој штетен вирус и ако споделите балсам за усни, шише со вода, перниче, крпа и др.
Затоа ако не се чувствувате добро или се сомневате дека вашиот партнер/ка ви се разболува, подобро разменуваат подароци наместо бакнежи за да избегнете непријатно боледување.