Rss feed

Здравје

среда, 08 февруари 2012, 18:35

Мозочните функции кај мажите слабеат од пушењето цигари

Мозочните функции кај мажите слабеат од пушењето цигари
Мажите кои пушат, страдаат од побрзо слабеење на мозочните функции со староста, пренесоа агенциите, повикувајќи се на резултатите од британско истражување.

Кај 50-годишен пушач се забележува ментално слабеење како кај 60-годишен маж кој никогаш не пушел, објаснуваат авторите на истражувањето од Универзитетот во Лондон.

Во истражувањето биле опфатени 5099 мажи и 2137 жени на просечна возраст, при првата проценка на когнитивните способности, експертите открија поврзаност меѓу пушењето и слабеењето на мозочните функции кај мажите, но не и кај жените. Истражувањето е уште едно во поддршка на претходните истражувања на трајната штета од пушењето, што Светската здравствена организација ја дефинира како една од најсериозните закани за здравјето на луѓето во светот.

"Истражувањето го открива постоењето на врска меѓу штетната навика и слабеењето на мозочните функции со староста. Пушењето е ризичен фактор кој може да биде избегнат", пишуваат авторите на истражувањето. Специјалистите ја истражувале врската помеѓу бројот на годините, пушењето и слабеењето на мозочните функции кај преминот од средна возраст до староста.

Научниците дошле до неколку значајни заклучоци. Едно од нив е дека кај пушачите слабеењето на мозочните функции настапува побрзо отколку кај непушачите. Научниците утврдиле уште дека за мажите кои се откажале од цигарите десет години пред првата проценка на когнитивните способности, се уште постои зголемен ризик.

Кај поранешните пушачи по подолг период на апстиненција не се забележува побрзо слабеење на мозочните функции и когнитивните способности.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.