Rss feed

Здравје

вторник, 07 февруари 2012, 17:37

Оставете бебето да јаде со прсти

Оставете бебето да јаде со прсти
Кога бебето е оставено да јаде со прсти, поверојатно е да се храни здраво и да не стане човек со прекумерна тежина подоцна во животот, покажуваат резултатите од британско истражување, цитирани од Франс прес.

Истражувањето е базирано врз прашалник пополнет од родителите на 155 деца на возраст меѓу 20 месеци и 6 и пол години. 92 бебиња биле оставени да се хранат самите со нивните прсти, откако апсорбирале храна богата со јаглехидрати, додека останатите 63 бебиња биле хранети со лажици пире.

Научниците од Универзитетот на Нотингем утврдиле дека богатата храна со јаглехидрати како леб и тестенини се попосакувани од страна на бебињата кои се хранат самите со прсти, додека бебињата во другата група сакале повеќе шеќерни производи.

Научниците сметаат дека јагленохидратите веројатно ги прават бебињата осетливи на структурата на храната, која се губи во случај ако детето се храни со пире.

8 бебиња во групата, хранети со лажичка, биле со прекумерна тежина или дебели, напротив 1 бебе во групата на децата кои се хранат самите со прсти. Оваа разлика не може да се објасни со телесната тежина при раѓањето, тежината на родителите или социалноикономските фактори, забележуваат авторите на студијата.

Резултатите од истражувањето се објавени во British Medical Jurnal.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.