понеделник, 06 февруари 2012, 23:12
Пијте вода кога сте уморни или во лошо расположение
Чувство на слабост, исцрпеност и неможност за концентрација вообичаено настапува по интензивно физичко оптоварување.
Според последните истражувања сепак само откако ќе испиете чаша со вода, заморот може да исчезне. Научниците ја следеле состојбата на 25 жени, кои или немале недостаток на вода, или биле оставени во состојба на блага дехидрација.
За време на експериментот биле тестирани расположението и когнитивните способности на жените. Резултатите покажале дека при недостаток на течности кај учесничките во експериментот се појавиле главоболка, губење на концентрација, чувство на замор и лошо расположение. При тоа нивото на дехидрација било сосема ниско - со еден процент под нормата.
Иако мажи не учествувале во истражувањето, научниците претпоставуваат дека кај нив ќе се добијат истите резултати. Затоа советот е - пијте вода, кога сте уморни или во лошо расположение.