Rss feed

Здравје

четврток, 02 февруари 2012, 18:48

Јадете полека за да не ја зголемите тежината

Јадете полека за да не ја зголемите тежината
Американските научници утврдиле дека брзото јадење ја зголемува количината на консумираната храна.

Резултатите од истражувањата покажуваат дека мажите се хранат побрзо од жените, пополните луѓе јадат побрзо од послабите, како и дека пченкарната храна се јаде побавно од рафинираната.

Тестовите со волонтери утврдиле дека луѓето кои јадат со брзо темпо внесуваат околу 90 грама храна во минута. При просечна брзина на исхрана се јадат околу 70 гр, а при бавна - 50.

Учесниците во студијата со повисок ИТМ исто така јаделе побрзо и внесувале повеќе калории, додека луѓето со понизок индекс на телесна маса - изеле помалку храна за подолго време.

Заклучокот на научниците е дека бавното јадење е препорачливо за оние кои не сакаат да конзумираат премногу калории и сакаат да ја задржат својата фигура.

Еве уште неколку работи кои морате да ги исполнувате, односно како да се храните - седнете на маса, не ја земајте чинијата пред телевизорот или компјутерот, џвакајте полека, не пијте вода за време на јадење и по можност јадете во тишина - без музика и телевизија.

И не заборавајте дека сте седнале за да се храните, не сте на натпревар. Добар апетит!



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.