среда, 01 февруари 2012, 17:11
Непријател во чинијата: Солта
Денес на обвинителна клупа ќе ја поканиме солта. Многу луѓе мислат дека не јадат многу сол, затоа што не ја солат дополнително храната, но всушност има многу скриени извори на натриум хлорид во готовите производи.
"Сол" и "натриум" се користат речиси како меѓусебно, но солта содржи само 40% натриум.
Организмот има потреба од натриум, за да се задржи балансот на течностите во телото и движењето на мускулите.
Високите нивоа на натриум сепак можат да го зголемат крвниот притисок, што нанесува голем број повреди на крвните садови и некои органи. Не секој човек има еднаква толеранција кон овој елемент и правилното дозирање со диетата е тежок потфат.
Препорачаните дози сол дневно се движат околу една лажичка, но во неа се вклучува и скриената сол - во преработената и готова храна, што многу тешко се следи.
За да ја избегнете опасноста од хипертензија, почнете правилно да се храните - не додавајте сол во јадењето, читајтеја внимателно содржината на етикетите. Обидете се да го намалите внесувањето на сол до препорачаните дози, секако, за да бидете здрави.