вторник, 31 јануари 2012, 17:20
Со кикирики до посилно срце
Без разлика дали ќе ги јадете во чоколадо, сурови или печени, кикириките остануваат корисни.
Тие се богати со витамин Е, фолна киселина, ниацин (витамин Б3), манган и протеини. Кикириките се добар извор и на ресвератрол (полифенол со антиоксидантно дејство, главно го има во грозјето), кој е корисен за срцето и го намалува ризикот од кардиологични проблеми.
Овој вид јатки му обезбедуваат на организмот и мононенаситени масти - познати како "корисни масти", кои го намалуваат лошиот холестерол.
Кикириките им помагаат на функциите на организмот и со својата содржина на влакна. Тие влијаат позитивно не само на варењето на храната, туку и го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево и камења во жолчката.
За здравјето на коските и забите се грижат калциумот и витаминот D, кои исто така може да се најдат во кикириките.
Единствениот недостаток на овие исклучително корисни јатки е високата алергенност. Многу луѓе треба да се држат настрана од кикирики, бидејќи тие можат да го загрозат животот на оние кои страдаат од алергии.