Rss feed

Здравје

понеделник, 30 јануари 2012, 16:59

Лошиот ноќен сон води до дијабетес

Лошиот ноќен сон води до дијабетес
Лошиот ноќен сон често ги тера луѓето да се чувствуваат уморни и нервозни. Но, новото истражување покажува дека овие луѓе имаат шест пати поголема веројатност да се разболат од дијабетес или од срцево заболување.

Истражувањето на британските научници покажува дека симптомите на дијабетес се развиваат само по три дена нередовен сон. Истражувањето може да помогне за објаснување на претходните истражувања, кои открија дека вработените во ноќна смена се изложени на висок ризик од дијабетес од втор тип и срцево заболување.

Истражувањето во кое учествувале околу 20.000 лица, утврди дека луѓето со четири специфични генски варијации се изложени на повисок ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Научниците утврдиле дека штетниот протеин, познат како MT2, може да го наруши лачењето на хормонот инсулин, што ја нарушува контролата на шеќерот во крвта и со тоа води до дијабетес од втор тип.

"Контролата на шеќер во крвта е еден од бројните процеси опфатени со биолошкиот часовник на телото. Тоа истражување придонесува за разбирање како генот влијае врз ризикот од дијабетес кај луѓето. Најдовме многу ретки варијации на генот MT2 кои имаат многу сериозни последици од повеќе вообичаените варијации откриени пред тоа", изјави проф Филип Фрогел од Кралскиот колеџ во Лондон.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.