Rss feed

Занимливости

среда, 22 февруари 2012, 12:12

Нов брутален спорт - Ultimate Tazer Ball во кој се користат и електрошокови

Нов брутален спорт - Ultimate Tazer Ball во кој се користат и електрошокови
Го рекламираат како спорт на иднината - комбинација од акција, тактика и висок адреналин како и - електрошокови.

Ultimate Tazer Ball  е нов брутален спорт со кој постои и една важна напомена: Не правете го ова дома. Ова се тренирани професионалци. Електрошоковите може да предизвикаат сериозни повреди, па дури и смрт.

Промотивен видео материјал е поставен на Јутјуб пред помалку од еден месец и досега го погледнале повеќе од милион луѓе. Во играта има осум играчи во два тима од по четири членови. Се борат околу една поголем топка, а во играта се е дозволено - од удари до „дрмање“ со елктрошокови. Промо-видеото е снимено во Јужна Калиформија, а следното е во почетокот на март во Бангкок.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.