среда, 22 февруари 2012, 08:56
Титулата „госпоѓица“ ќе биде извадено од употреба во Франција
Титулата „госпоѓица“ за која се бунеа француските феминистки, ќе отпадне од административните формулари и документи во Франција, се наведува во писмото на премиерот Франсоа Фијон.
Фијон им наредил на ресорните министри и префектите да дадат укази на администрациите да ја отстранат од формуларите и кореспонденциите титулата „госпоѓица“ и да ја заменат со „госпоѓа“.
Редица феминистички организации есента спроведоа кампања за отфрлување од употреба на титулата „госпоѓица“ во административните документи. Според нив, тоа е израз на дискриминација кон жените, бидејќи ги принудува да го прецизираат брачниот статус.