вторник, 21 февруари 2012, 11:10
Прва порака до вонземјаните, одговорот стигнува околу 51974 години
Таканаречената Аресибо порака која легендарниот астроном Френк Дрејк ја направи во 1974 година е своевидна прва „дипломатска нота“ упатена до вонземјаните во длабочините на вселената.
Пораката е наречена во чест на опсерваторијијата сместена покрај порториканскиот град Аресибо каде и денес е најмоќниот радио телескоп во светот.
Научниците се надеваат дека пораката која е емитувана од 1974 година еден ден ќе ја протолкуваат интелегентите вонземјански животни облици. Но, одговорот ќе можеме да го добиеме најрано 51974 години (плус-минус илјада - две), затоа што е упатена кон групата ѕвезда М13, оддалечена околу 25.000 светлосни години.
На пораката која Дрејк ја испрати до вонземјанската интелегенција има низа броеви од еден до десет, податоци за некои молекули и атоми, како водород и јагленород, шематски приказ на ДНК, цртеж на човек со неговите описи, основи на Сончевиот систем и користење на телескоп.
Пораката е на фреквенција од 2.380 мегахерци емитувана со сила од 1.000 киловати кон групата ѕвезда М13 која во моментот на испраќањето е најблиска и најгуста.