Rss feed

Занимливости

петок, 17 февруари 2012, 10:39

Се повеќе луѓе стравуваат дека ќе останат без мобилен

Се повеќе луѓе стравуваат дека ќе останат без мобилен
Две третини од светската популација страда од номофобија - страв дека ќе останат без своите мобилни телефони, а најновото истражување покажа дека таа бројка константно  се зголемува, пишува весникот „Телеграф“.

Номофобијата прв пат е идентификувана во 2008 година, а бројот на оние кои од неа страдаат секој ден е се поголем.

Научниците утврдиле дека во изминатите четири години бројот на номофобичарите е зголемен од 53 на 66 отсто.

Во истражувањето на компанијата „СекјурЕнвои“ учествувале илјада луѓе од разни возрасни групи, а резултатите покажале дека номофобијата е најраширена меѓу младите лица.

Освен тоа жените повеќе стравуваат од мажите дека ќе го загубат својот мобилен. Ова пореметувањето е најретко кај лицата од 35 до 44 години.

- Мажите воглавно имаат по два мобилни, така што е помалку веројатно дека ќе ги загубат двата, изјави Енди Кемшал, основач и главен технолоши директор на „СекјурЕнвој“.

Експертите веруваат дека стравот е оправдан, бидејќи 58 проценти од луѓето во своите мобилни имаат контакти и податоци поврзани со работата.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.