четврток, 16 февруари 2012, 08:58
Електронска цигара експлодира во устата на Американец
Електронска цигара експлодира во устата на Американец, сериозно обгорувајќи му го лицето, вадејќи му неколку предни заби и откинувајќи му дел од јазикот, пренесоа американските медиуми.
Според началникот на локалната противпожарна служба, најверојатно експлодирала батеријата во цигарата, чија марка не соопштена.
Неименуваниот маж користел електронски цигари за да се откаже од пушење.
Несреќата се случила во понеделникот ноќта, а ранетиот Американец е задржан на лекување.