среда, 15 февруари 2012, 11:04
Британски хотел нуди романтична ноќ за тројца
Луксузниот хотел „Виндермер Сјутс“ во Велика Британија нуди романтична ноќ со појадок во апартман за три лица.
Тројцата гости можат да минат викенд во луксузна соба за 399 фунти. Хотелот нуди и појадок за тројца, кој ќе им биде донесен во кревет, така што нема потреба да стануваат. Тука се и бесплатниот шампањ и чоколада, како и голем кревет украсен со ливчиња од ружа.
- Вакви понуди на хотели се чести во некои европски земји. Ние сакаме да се прилагодиме и слична услуга да им понудиме на Британците. Ова беше идеален подарок за Валентин и одлична можност за незаборавна авантура, изјави Ричард Кершоу, основач на страницата Wish.co.uk. која ја објави понудата на хотелот.