вторник, 14 февруари 2012, 09:52
Британка 31 година јаде само пица
Клер Симонс од Лондон има 33 години, а 31 година единствениот оброк на нејзината маса е пица со сирење и доматен сос.
Докторите ја предупредуваат девојката дека таквиот начин на исхрана би можел да ја убие. Таа не памети дека во својот живот јадела нешто друго освен пица. Останатата храна едноставно ја одбива. Лекарите предупредуваат дека, доколку продолжи со оваа навика, ќе го загуби својот живот бидејќи и се закануваат срцев и мозочен удар.
- Здравјето го одржувам така што пијам многу вода и вежбам. Но мојот доктор вели дека на поголема возраст ќе имам здравствени проблеми поради недоволното внесување на витамини и минерали, изјави Клер.
Клер тврди дека се плаши од овошје и зеленчук.
- Се нервирам кога луѓето мислат дека тоа го правам од некакво помодарство. Всушност станува збор за медицински проблем, нагласи 33-годишната девојка.