недела, 12 февруари 2012, 18:08
По виолетовите телиња, откриена и виолетова верверичка
По раѓањето на виолетовите телиња на Балканот, во американската сојузна држава Пенсилванија е откриена и една виолетова верверичка.
Оваа верверичка со несекојдневна боја на крзното ја уловиле брачната двојка Перси и Кони Емрет, кои во дворот во нивната куќа поставиле замка за глодари.
- Навистина беше виолетова. Луѓето мислат дека сме ја бојадисале, но ве уверуваме дека токму таква ја најдовме, велат Емретови, кои ја ослободиле виолетовата верверичка откако ја снимили и снимката ја објавиле на интернет.
Под записот на интернет меѓу многубрајбите коментари се појавија и неколку духовите од типот дека верверичката „паднала во канта со виолетова боја или мастило“, дека „се прејала боровники“ или дека „нејзината мајка е црвена, а татко син“.