Rss feed

Забава

петок, 17 август 2012, 14:07

Змија отровница од амазонска шума пронајдена на паркинг во Франција

Змија отровница од амазонска шума пронајдена на паркинг во Франција
Змија отровница, со црвена, портокалова и црна боја која вообичаено живее во амазонските шуми е пронајдена на паркингот на еден супермаркет во близината на Монтпелие, јавува дописникот на МИА од Париз.

Коралната змија, долга 45 сантиметри и чие каснување е смртоносно, била фатена во вторникот на паркингот на супермаркетот во близината на Монтпелие, пишува денеска регионалниот весник Миди Либр.

Змијата била откриена од една клиентка на супермаркетот која се подготвувала да влезе во автомобилот. Змијата, која се нарекува „мукрурус“ со црвена, портокалова и црна боја обично живее во амазонските шуми, во Мексико и централна Америка, а нејзиното каснување набрзо предизвикува смрт, поради силниот отров.

Според регионалниот француски весник, градската полиција успеала да ја фати змијата, и засега сопственикот на истата не ја побарал. Се претпроставува дека таа има побегнато од колекцијата на така наречените љубители на „нови домашни миленици“.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.