петок, 03 февруари 2012, 19:46
Германски пензионер јадел свинска маст стара 64 години
Еден германски пензионер кој ја сочувал конзервата свинска маст која пред 64 години, уште како студент, ја добил во вид на хуманитарна помош, одлучи да не ја фрли - „бидејќи храната не чини да се фрла“, туку да ја проба застоената маст.
- Маста, никако не сакав да ја фрлам, рече 87-годишниот Ханс Фелдмајер. Тој во 1948 година студирал на Росток, на северот на Германија, кога САД почнале програма за помош за повоена Германија, делејќи му на населението, меѓу останатото и конзерви со свинска маст.
Пензионираниот фармацевт бил изненаден од позитивните резултати на анализата која ја спровеле неговите колеги кои ги замолил лабораториски да му ја тестираат содржината на конзервата.
- Беше некако тврда и безвкусна, но секако исправна и хранлива, рече Фелдмајер, додавајќи дека произведувачите на храна треба двапати да размислат пред да ги уништат огромните количини храна чиј рок е изминат.