петок, 03 февруари 2012, 09:51
Откриено богатство тешко 3 милијарди долари
Платина за 3 милијарди долари има во потонат брод, кој лежи на дното на Атлантскиот Океан на 80 километри од американскиот брег, соопшти BBC.
Богатство е отворено од американската компанија „Пет си рисрч". Според нејзиниот основач Грег Брукс операцијата за вадење на бродот „Порт Николсон", кој се наоѓа на длабочина од 213 м, можеби ќе почне до почетокот на март.
Британскиот брод бил потопен во 1942 година од германско торпедо, додека патувал од канадската пристаниште Халифакс за Њујорк. Загинале шест членови на екипажот.
Според Брукс во бродот има 30 сандаци со платина со вкупна маса од 71 тони, но исто така и злато и дијаманти. „Пет си рисрч" ја откри локацијата на бродот уште во 2008 година, но соопштуваат дека дури сега ја добиле дозволата за вадење на остатоците. Но, тоа не го одредува прашањето за сопственоста.
Податоци во архивата на Министерството за финансии на САД покажале дека платината била форма на плаќање од страна на СССР кон САД за набавка на оружје.
Од британската влада соопштија дека не се сигурни дали на бродот имало платина. По вадењето на бродот и воспоставување на товарот Лондон требало да процени дали да покрене постапка за одредување на сопственоста.