петок, 03 февруари 2012, 09:12
Високо ниво на тестостерон предизвикува агресивност
Високо ниво на машкиот хормон тестостерон предизвикува не само агресивност, туку и егоцентричност, покажува студијата изработена од научниците во Велика Британија.
Во студијата на научниците од Лондонскиот универзитет Колеџ (ЛУЦ) појаснето е зошто мажите многу почесто прибегнуваат кон насилство, отколку жените и зошто жените имаат поголема подготвеност за дијалог.
Истражувачите подложиле на експеримент група мажи, кои требале да решат заеднички проблем и да постигнат заеднички договор. По извесно време инјектирана им е дополнителна количина тестостерон и резултатот бил повеќе од очигледен, на мажите не им поаѓало од рака постигнување на каков било договор, тонот на разговорот станувал се повисок, а соработката речиси невозможна.