Rss feed

Стил и Убавина

среда, 08 февруари 2012, 16:56

Карл Лагерфелд: Британската кралица наликува на мојата баба

Карл Лагерфелд: Британската кралица наликува на мојата баба
Познатиот моден креатор Карл Лагерфелд изјави дека британската кралица Елизабета „речиси наликува“ на неговата баба.

За весникот „Метро“ тој вели дека кралицата е само малку поразлична на баба му и така и се облекува и однесува, јави дописникот на МИА од Лондон.

Овој германски дизајнер смета дека монархијата во Велика Британија е добра за туристите, затоа што носи пари, но во основа е сосема непотребна. Тој сепак не е целосно определен како републиканец и антимонархист, па забележува дека „на карјот од краиштата, убаво е да се има монархија, бидејќи луѓето од секогаш сонуваат за неа“.

Лагерфелд, кој е познат по своите коментари за британската монархија, во една прилика има речено дека покојната принцеза Дијана била „убава и слатка жена, но глупава и будалеста“.

Овој моден дизајнер, многу популарен меѓу британските поддржувачи на високата мода, нема големо мислење ниту за новата британска пејачка ѕвезда Адел. - За мојот вкус, таа е малку повеќе дебела, но има убаво лице и божествен глас.

Помалку е критичен за американската пејачка Лана дел Реј за која вели дека „не е лоша“.

Германецот е посебно остар кон Русите, нарекувајќи ги мажите „мошне грди“ луѓе. - Доколку бев жена во Русија, веројатно ќе бев лезбејка, покрај толку многу грди мажи, тврди Карл Лагерфелд во „Метро“.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.