Rss feed

Стил и Убавина

вторник, 24 јануари 2012, 16:48

Фустан од пајакова свила изложен во лондонски музеј

Фустан од пајакова свила изложен во лондонски музеј
Уникатен фустан изработен од златни конци од пајак, е претставен во лондонскиот „Викторија & Алберт“ музеј.

Фустанот е скроен од досега најголемото парче текстил изработено од пајакови конци, а е долго четири метри.

Фустанот, од природно златна боја, е испреден од 1,2 милиони реси од ендемски пајаци од Мадагаскар, кои во текот на пет години ги собрале 80 луѓе.

Експонатот, што ќе биде изложен до 5 јуни во лондонскиот „Викторија & Алберт“ музеј, дело е на британскиот стручњак за текстил Сајмон Пирс и американскиот дизајнер Николас Годи, кои долги години живееле на Мадагасакр и на јавноста сакале да и покажат една готово заборавена умешност, што може да биде многу примамлива за светот на модата.

Последен пат една облека била креирана од паукова свила за Универзалната изложба во Париз во 1900 година.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.