недела, 01 јануари 2012, 13:47
Мандарина со тенденција кон црвено, е бојата на 2012 година
И покрај прогнозите за Апокалипсата и за продлабочување на кризата во новата 2012 година година, бојата, кој беше избрана да ја илустрира, е радикално различна од мрачните предвидувања.
Ова го пишува италијанскиот весник "Кориере дела сера".
Бојата на 2012 година носи романтично име Tangerine Tango.
Во есен беше избрана за боја симбол на 2012 година од американската компанија Pantone Color Institute, наметнат тон на пазарот на бои и во внатрешниот дизајн.
Бојата на 2012 година всушност е Мандарина со тенденција кон црвено.
Според експертите на американската компанија, таа дејствува стимулирачки и ги отргнува мрачните мисли во време на криза.
Бојата е омилена на голем број модни корифеи како Ели Тахари, Нанет Лепор и Адријан Витадини.