сабота, 31 декември 2011, 13:08
Реклама на Армани со Ријана прогласена за најсексипилна за 2011 година
Рекламата на фармерки и долна облека "Aрмани" cо поп и RnB пејачката Ријана беше одредена за најсексипилна за 2011 година.
Рекламата тргна во септември годинава. Во видеото Ријана фрла фустанот и облекува џинс "Армани" на задно седиште на возило. Оваа година пејачката се појави и топлес во реклама на Nivea.
На второ место како најсексапилна реклама е наведен клипот и рекламите долна облека Victoria`s Secret cо учество на Миранда Кер, сопруга на актерот Орландо Блум. Трета на листата е рекламата на италијанскиот бренд Liu Jo со Кејт Мос.
Понатаму на листата се наведени клиповите со Жизел Бундхен и рекламата за долна облека "Хоуп", Ирина шејк (Luli Fama), Хајди Клум (шоуто Project Runway) и Памела Андерсон (хулахопки Secrets In Lace)