недела, 25 декември 2011, 19:07
Ангелите на Victoria's Secret пеат божиќни песни
Жешките манекенки на Victoria's Secret го стопија снегот со посебен божиќен
поздрав по повод празниците.
Адријана Лима, Алесандра Амброзини, Кандис Суанпоул, Лили Олдриџ, Дауцен Круз и Ерин Хедртон покажаа музички способности, облечени во бањарки и забавни капи во духот на Божиќ.
Најголеми тешкотии со текстот на божиќната класика Jingle Bells чувствуваше бразилката Адријана Лима. Убавицата се оправда дека во Бразил нема таква песна но и покрај незавидните пеачки вештини сепак направи весело свечено расположение.