Rss feed

Стил и Убавина

недела, 11 декември 2011, 12:31

Кејти Холмс стана лице на брендиран накит

Кејти Холмс стана лице на брендиран накит
Брендот H. Stern по втор пат одлучи да соработува со холивудската ѕвезда Кејти Холмс. Нејзината кариера е во подем и многу компании и брендови ја канат ѕвездата со убавиот изглед и елегантен стил да ги претставува нивните производи.

Актерката се појави во рекламна кампања на колекцијата со име "Античка Америка". Фотосесијата е направена од Том Монро, а сликите се направени во срцето на Бразил.
Кејти позира пред објективот во добро познатата нејзина улога на елегантна жена, навикната на луксуз.

Колекцијата "Античка Америка" вклучува накит од злато со фантастични форми, од змијска кожа, рибни снегулки и птичји пердуви.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.