сабота, 10 декември 2011, 11:40
Тенисерка се соблече за 100 000 евра
Тенисерката Доминика Цибулкова доби огромна сума од 100 илјади евра за да го покаже своето тело за фотосесија.
Девојката од Словачка договори огромен хонорар иако не ги ни покажува градите.
Натпреварувачка која досега освои 2 и пол милиони долари од наградни фондови, призна дека на почетокот и било незгодно, но тимот и помогнал да се отпушти.
Злите јазици веднаш искоментираа дека фотките се доста обработени, бидејќи стомакот на Доминика е скриен.
Родена на 6 мај 1989 година Цибулкова имаше бурна врска со колегата Гаел Монфис (Франција) во 2008 година, а до неодамна излегуваше со друг тенисер - Јирген Мелцер (Австрија).
Во кариерата таа има 1 титула од ВТА турнирите и стигна до 12-та позиција на светската ранг-листа.
На Гренд Слем турнирите најдобриот нејзини пласман е полуфиналето на Ролан Гарос во 2009 година.