Rss feed

Стил и Убавина

четврток, 10 ноември 2011, 10:12

Топ 5 на најпосакуваните модели на годината

Топ 5 на најпосакуваните модели на годината
Витки тела, бескрајно долги нозе, убави лица. Откако постојат, топмоделите се центар на машкото внимание.

Американскиот печат направи листа на најпосакуваните манекенки на 2011-та, врз основа на тоа колку пати се појавуваат на насловната на модните списанија и колку често биле во центарот на светскиот врв.












Роуз Хантингтон-Вајт
Британскиот топмодел Роуз Хантингтон-Вајт ја замени Меган Фокс во третиот дел на „Трансформр". Во исто време најголемото машко списание Maxim ја прогласи за најсекси жена на годината. Совршено сложената Роуз стана еден од ангелите на Victoria's Secret.


Миранда Кер
Сопругата на Орландо Блум стана мајка на момче пред околу година и малку потоа сними неколку голи фото сесии. 28-годишната австралиска манекенка беше наречена жената чудо, бидејќи ја поврати витката форма речиси веднаш откако се породи.


Бар Рафаели
Израелскиот топмодел Бар Рафаели не слегуваше од страниците на светските списанија не само поради убавината, но и поради крајот на врската со Леонардо ди Каприо. Поради интересната форма таа е една од девојките на Victoria's Secret.


Дарија Вербова
Канаѓанката од украинско потекло Дарија Вербова е една од најбараните манекенки од водечките модни и козметички марки. 27-годишната убава славјанка е еден од високоплатените топмодели и е портпаролката на францускиот концерн „Ланком".


Жизел Бундхен
Најскапо платената, најмногу озборуваната и најсаканата. Тоа е Жизел Бунхен, која пред неколку години исто така беше девојка на Ди Каприо. 31-годишната бразилка се уште е во топ форма и не престанува да снима за најпознатите модни брендови.





 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.