Rss feed

Стил и Убавина

понеделник, 31 октомври 2011, 12:53

Марија Кожевникова е најсексапилната Русинка

Марија Кожевникова е најсексапилната Русинка
Актерката Марија Кожевникова ја предводи најновата листа Топ 100 на најсексапилните жени во Русија.

Во анкетата на руското списание "Maxim" таа ги доби гласовите на 33.500 лица. Историјата молчи по прашањето како се однесува на успехот на својата ќерка двократниот олимписки шампион во хокеј, Александар Кожевников.

Втора остана пејачката и ТВ водителка Вера Брежнева која и го отстапи на победничката местото со над 700 гласови разлика. Своевидна бронза доби друга ТВ дива - Викторија Бонја, која неодамна се раздели со фудбалската ѕвезда на Спартак, Велитон.

Руските спортистки, кои важат за едни од најубавите во светот, не успеаја да се издигнат високо на оваа листа. Тенисерка Марија Шарапова го освои 45-то место, а другата мајсторка на тениската игра, Марија Кириленко е на 74-то место, информираа руските медиуми.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.