петок, 28 октомври 2011, 11:46
Кога огледалото ќе се претвори во непријател
Кога огледалото ќе се претвори во непријател, не треба да се лутиме дека нема како да го вратиме времето назад. Доволно е да размислиме зошто природата одлучила дека човечкото тело треба да старее и да ја прифаќаме секоја брчка како последна лекција од животот, кој не направил помудар.
И така, кога огледалото се претвори во непријател не треба да заборавиме дека:
1. Телото старее, но не и духот.
2. Во зрела возраст се прават највистинските проценки.
3. Гледаме на светот со поголема доза мудрост.
4. Одлуките кои ги носиме се осмислени и рационални.
5. Со текот на времето свесни сме што претставува вистинско задоволство.
6. Успеваме да ги цениме малите нешта и гестови.
7. Свесни сме всушност колку е важен партнерот за нас.
8. Нашето знаење за светот кој не опкружува се поголеми.
9. Имавме доволно време да разбереме кои ни се вистинските пријатели.
10. Научниците утврдиле дека брчките не се првите знаци на стареење. Ако сте забележале дека ви се менува вкусот без очигледна причина, тоа е првиот сигнал дека стареете. До тогаш сте уште млади.
11. Со текот на времето, жената ја оценува секоја своја брчка и бело влакно - знае многу добро кога, каде и зошто се здобила со нив.
12. Сексот е подобар од било кога - го познаваме добро телото и знаеме што точно ни причинува задоволство.
13. Откако сме добиле малку брчки, свесни сме и што точно сакаме од животот. Тоа е првиот и најважен услов за да успееме да го постигнеме тоа.
14. Зрелоста и времето на брчките, се всушност период на достигнувања - им се радувате на деца, некои пак веќе имаат и свои деца.
15. Сфаќаме дека убавината е минлива работа. Тоа ни помага да се фокусираме врз најважните работи.
16. Можеме да се смееме подеднакво волшебно како на 25, така и на 50 години.