четврток, 27 октомври 2011, 12:45
Миранда Кер прогласена за најубава жена според People
Топ моделот, Миранда Кер ја зазеде челната позиција на списанието People кај најубавите и најатрактивни жени на планетата во 2011 година.
Само неколку месеци откако го роди својот син, сопругата на Орландо Блум повторно се врати во Викторија Сикрет за да го покаже совршеното тело. Миранда Кер застана пред објективот на модната марка на плажа во Нов Зеланд за да го снима каталог за костими за капење.
Несомнено Миранда комбинира шарм и убавина, надополнета со совршени форми. На второто место на листата се најде Анџелина Џоли, а "бронзата" ја доби германскиот модел, Хајди Клум.
Во Топ 10 се наоѓаат уште Пенелопе Круз, Џесика Алба, Моника Белучи и Никол Шерцингер. Дури на 11-то место е сопругата на принцот Вилијам - Кетрин Мидлтон.