Rss feed

Стил и Убавина

петок, 21 октомври 2011, 10:49

Другата страна на елеганцијата

Другата страна на елеганцијата
Облеката всушност е само парчиња ткаенина - со различна форма, боја и материјал. А имаат способност да ги прават луѓето толку убави. Сигурно секој од нас познава барем една од оној тип жени кои и вреќа за ѓубре да облечат, сепак изгледаат фантастично. Што имаат тие што другите го немаат?

Тело
Додека одите - стегнете го телото, кренете ја брадата. Исправениот од не е само за моделите на модните дефилеа. А самодовербата не е само за машкоданките. Кога седите - исправете го грбот, гестикулирајте со рацете умерено. Има милиони начини да го користите своето тело.

Насмевката
Поважно од белите заби и правилната вилица е искреноста. Искрената насмевка е совршена насмевка. Чувството што ве поттикнува да ги кренете краевите на устата, го тера вашето лице да засвети.

Смисла за хумор
Да ја гледаш забавната страна во животот, да согледуваш и во најтажното нешто - смешно, да можеш да се самоиронизираш - тоа се работите кои и даваат многу шарм на жената. Особено во очите на мажите.

Внимание и загриженост кон другите
Дали меѓу пријателите имате такви луѓе - кога контактирате со нив, се чувствувате како најспецијален, најинтересен и најважен човек на планетата. Тоа е поради пројавеното внимание и загриженост. Човекот одстрана ве сослушува, не ве прекинува додека зборувате, одговара соодветно, се смее на шегите. Кога и виe ќе станете таков човек, ќе бидете многу барана личност.

Учтивост
Човек се учи цел живот. И сигурно цел живот ќе наидуваме на нови и непознати ситуации во кои не знаеме како да реагираме. Но, за да си љубезен, не се бара да завршиш високо образование, има само некои основни правила. Сепак, треба да ја спроведувате природно. Меѓу нациите кои се познати по својата учтивост и манири се Англичаните и Французите. Можеби има што да научиме од нив.

Прекрасни раце
Рацете најчесто ни помагаат во разговорите со другите. Гестикулираме, се ракувавме, подмавнуваме за збогум, ја прикриваме насмевката ... Затоа добро одржуваните раце секогаш оставаат впечаток - мазна и навлажнета кожа, добро оформени нокти со убав лак.

Култура
Претставувајте го знаењето на околната не надмено и со чувство за надмоќ. Покажете ја само како знак дека сте отворени кон светот дека сте љубопитни и постојано впивате различни информации. Во колку повеќе теми можете да разговарате, толку попосакуван соговорник сте.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.