Rss feed

Шоу Бизнис

петок, 17 август 2012, 14:05

Тужба против Жерар Депардје поради физички напад на автомобилист

Тужба против Жерар Депардје поради физички напад на автомобилист
Едно лице поднело тужба против познатиот француски актер Жерар Депардје, откако претходно со него имал мал сообраќаен инцидент во француската престолнина, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Инцидентот се случил во Париз во шестиот арондисман, каде Депардје се возел со скутер. Автомобилистиот со кој се судрил актерот, се жали на физички напад и повреди нанесени од Депардје.

Француската филмска ѕвезда пред неколку месеци имаше друг инцидент со персоналот на една филијала на Ер Франс на летот Париз-Даблин. Тогаш Депардје уринирал во едно шише, бидејќи не можел да стигне до тоалетот на авионот, поради неминовното полетување.

Жерар Депардје има играно во над сто филмови и покрај филмот тој како своја втора професија го избра винарството и поседува лозови насади винарии во повеќе земји.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.