Rss feed

Шоу Бизнис

вторник, 21 февруари 2012, 17:40

Адел и Ед Ширан фаворити на вечерашното доделување на музичките БРИТ награди

Адел и Ед Ширан фаворити на вечерашното доделување на музичките БРИТ награди
Британската соул-дива Адел и пејачот и текстописец Ед Ширан се фаворити за освојување на британските музички награди, што ќе бидат доделени вечерва.

Адел, која минатата недела во Лос Анџелес освои шест Греми награди, е номинирана во три категории за БРИТ наградите, меѓу кои и за најдобар британски албум и за најдобра пејачка.

Предвидено е Адел да настапи на вечерашната манфиестација, што ќе биде нејзин прв настап во Велика Британија по минатогодишна операција на гласните жици.

Дваест и едногодишниот Ед Ширан е номиниран во четири категории - за најдобар британски албум, за најдобар пејач, за најдобар дебитант и за најдобар сингл со неговата нумера „The A Team“.

Групата „Блур“ ќе ја добие наградата за исклучителен придонес за музиката.

Покрај Адел и „Блур“ на вечерашната церемонија, меѓу останатите, ќе настапат и Ријана, Бруно Марс и Ноел Галагер.

Овогодишната манифестација на доделувањето на музичките БРИТ награди ќе ја води британскиот актер Џејмс Корден.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.