вторник, 21 февруари 2012, 09:55
Северена го роди синот Александар
Најпопуларната хрватска поп пеачка Северена во сплитската болница го роди синот Александар.
Северена, синот тежок 3.200, а долг 52 сантиметри, го роди со царски рез. На 39-годишната пеачка и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ ова им е прво дете.
Породувањето минало без проблеми.
Таа изминатиот месец го мина во болница заради чување на бременоста.