вторник, 21 февруари 2012, 08:51
Мик Џегер ќе пее во Белата куќа
Вокалистот на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер ќе пее пред американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа денеска заедно со други легендарни музичари како Џеф Бек, Бади Гај и Би Би Кинг.
Концертот, насловен како „Ред, вајт енд блуз“ (Red, White and Blues), ќе биде емитуван на американската телевизија шест дена подоцна и е организиран по повод месецот во кој САД се потсетуваат за придонесот на афроамериканската заедница за нивната историја и култура.
Учеството на 68-годишниот Џегер на концертот е во годината, кога „Ролинг стоунс“ кои се познати по десетици рок хитови како „Satisfaction“, „Sympathy for the Devil“ и „Gimme Shelter“, ја слават 50-годишнината од своео формирање.