Rss feed

Шоу Бизнис

понеделник, 20 февруари 2012, 09:20

Витни Хјустон погребана во присуство на семејството и пријателите

Витни Хјустон погребана во присуство на семејството и пријателите
Витни Хјустон вчера беше погребана на гробиштата во Вестфилд во Њу Џерси, а на последното испраќање на поп дивата, чија неочекувана смрт на 48-годишна возраст пред една недела го шокираше светот, присуствуваа само членови на семејството и најблиските пријатели.

Голем број обожувачи се собраа долж улицата по која се движеше погребната поворка со телото на Хјустон од Њујорк до Вестфилд, каде познатата пејачка беше погребана до својот татко.

Семејството и голем број пријатели претходно присуствуваа на тричасовно опело во баптистичката црква во Њујорк, во која Хјустон како 11-годишно девојче почна да пее во црковниот хор.

На црковната церемонија, освен големиот број луѓе, учествуваа и музички уметници предводени од Алиша Киз, Стиви Вондер и Елтон Џон.

Познатата пејачка почина на 11 февруари во хотел во Лос Анџелес, под се уште неразјаснети околности.

Нејзиното тело беше пронајдено во када, а според неофицијални полициски информации, во крвта на познатата пејачка биле откриени траги на антидепресиви и алкохол.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.