Rss feed

Шоу Бизнис

четврток, 16 февруари 2012, 10:11

Џастин Бибер за Денот на вљубените исполни желба на девојче заболено од тумур на мозокот

Џастин Бибер за Денот на вљубените исполни желба на девојче заболено од тумур на мозокот
По повод Денот на вљубените, младиот пејач Џастин Бибер одлучи да запознае едно болно девојче, кое имало желба да се сретне со него и да се дружи. Тој неколку часа се дружеше со  шесгодишната Авалан Рут, која е заболена од тумур на мозокот.

Благодарение на иницијативата покрената преку социјалната мрежа Фејсбук, шестгодишната Авалан Рут, која се бори со тумур на мозокот, имаше можност да се дружи со својот омилен пејач Џастин Бибер.

Мајката на девојчето за „Е!News“ изјави дека тоа бил еден од најубавите денови во животот на нејзината ќеркаПо повод Денот на вљубените, младиот пејач Џастин Бибер одлучи да запознае едно болно девојче, кое имало желба да се сретне со него и да се дружи. Тој неколку часа се дружеше со  шесгодишната Авалан Рут, која е заболена од тумур на мозокот

-Авалан убаво си помина со Џастин во Њујорк. Тој е многу шармантен и грижливо се однесуваше кон неа. Беше задоволство да се запознае.

По овој хуман гест, Бибер го прослави Денот на вљубените и со својата девојка Селен Гомез. Тие двајца убаво се забавуваа во Дизниленд, во друштво на помладата сестра на пејачот, Џесмин.



 

МРТ © 2010 - Сите права се задржани.