среда, 15 февруари 2012, 10:55
Кит Ричардс обожува да ги плаши момчиња на неговите ќерки
Александра Ричардс, ќерка на рокерот Кит Ричардс од групата „Ролингстонс“, откри дека нејзинот татко се обидува да ги заплаши момчињата кога таа првпат ќе ги донесе дома.
- Се однесува премногу заштитнички према мене и некогаш тешко му паѓа кога излегувам со момчиња кои не ги познава. Затоа кога ќе го донесам прв пат дома, татко ми знае да го однесе и во другит крај на куќата и да му покаже неколку трикови со нож за да го уплаши и предупреди да не прави ништо глупаво. Тоа и го прави и на сестра ми, но не е страшен постојано, веднаш потоа станува многу пријатен, истакна Александра која моментално е во врска со ди-џејот Нико Коен.
Кит инаку има две ќерки, Александра (25) и Теодора (26).