вторник, 14 февруари 2012, 16:32
Анџелина Џоли и Бред Пит во Сараево
Славната холивудска актерка и режисерка на филмот „Во земјата на крвта и медот“ Анџелина Џоли допатува околу пладне во Сараево каде вечерва премиерно ќе биде прикажан нејзиниот филм.
Иако беше најавено дека Џоли во Сараево ќе ги донесе и децата, таа пристигна само во придружба на нејзиниот сопруг Бред Пит.
Режисерското деби на Џоли, поради темата, ги разбранува страстите во БиХ и пред премиерката, а таа подари 2.100 влезници за затворената премиера која ќе се одржи само за здруженијата на жртвите од војната на просторите на БиХ.
Медиумите дознаваат дека Џоли ќе биде сместена во сараевскиот хотел „Европа“ каде за неа се резервирани триесетина соби.
Безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво со оглед на тоа дека се очекуваат голем број посетители.